Граѓаните да споделат информации за украдено возило „бмв“

– Христе Атлески (39) од тетовско Ратае, на кого му е украдено возилото, бара информации од граѓаните со цел да се најде автомобилот. Станува збор за „бмв“ со регистрација TE5 79 DU (на латиница) со темносина боја.

Кражбата е пријавена и во СВР Тетово.

На 22.08.2020 во 18.10 часот во Полициската станица Тетово, Х.А.(39) од село Ратае, општина Јегуновце, пријавил дека пред спортски центар во Тетово му било одземено неговотo патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, кое го оставил незаклучено.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР. ас/цр

Back to top button
Close