Граѓаните ќе имаат пристап до своите здравствени податоци со новата апликација на Министерство за здравство

Граѓаните преку апликацијата „Мое здравје“ ќе имаат пристап до своите здравствени податоци, поточно до подтоците за сите издадени упати, рецепти, прегледи, дијагнози, лабораторски испитувања, примени вакцини.

Апликацијата ставена во функција, а таа ги обединува податоците од системот „Мој термин“ со податоците од Фондот за здравствено осигурување па граѓаните електронски, во секое време и од секое место ќе имаат увид во сопствените здравствени податоци и прегледни како од матичните лекари така и од специјалистите.

“Оваа апликација ќе го смени начинот на управување со нашето здравје. Апликацијата за електронско-здравствена евиденција ‘Мое здравје’ на секој граѓанин му овозможува увид во сопствените здравствени податоци. Преку неа ќе може лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја, детали за рецепти, специјалистички и дијагностички лабораториски и болнички упати, досиеја за имунизација. Се што треба да знаете за вашите здравствени услуги е добро организирано и лесно достапно“, рече Фатмир Меџити, министер за здравствоМинистерот рече дека оваа апликација е беспрекорно интегрирана во системот „Мој термин“.

„Апликацијата ќе ве поттикне да станете активен учесник во грижата за сопственото здравје“, рече Меџити.

Од Управата за електронско здравство рекоа дека апликацијата веќе е достапна за сите корисници на здравствени услуги во јавното здравство и дека на неа почнале да работат уште пред ковид-кризата. Со оваа апликација податоциите освен на лекарите, ќе им бидат достапни и на граѓаните.

Back to top button
Close