Граѓаните што протестираа во Кочани револтот го искажаа и пред куќата на градоначалникот во оставка

– Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани.

Лицата што протестираа го пробија корднот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше граѓана со јајца и камења.

На денешниот протест во Кочани граѓаните, меѓу кои и многу млади лица, побараа правда за своите блиски кои ги изгубија во пожарот и виновниците да ги добијат казните што ги заслужуваат.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…. Потоа се упатија пред општинската зграда каде фрлаа со јајца и бараа да излезе градоначалникот.

Një grup i qytetarëve në Koçan e kanë demoluar bar-kafenë

Група граѓани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“ каде во пожар загинаа 59 лица.

Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. та/ев/

Back to top button
Close