Граѓански отпор го посочува Вучиќ како најдоговорен за тоа што и се случува на Србија со Ковид-19

Претставници на Граѓанскиот отпор во Србија денеска на прес-конференција во „Пионирскиот парк“ во Белград ги поддржаа лекарите, потписници на петицијата „Обединети против Ковид“ и го означија српскиот претседател Александар Вучиќ како најодговорен за сето она што се случува во Србија.

-Дојдовме тука да го посочиме изворот на вирусот што ја опустошува Србија веќе 30 години, но денес има комплетно нов лик. Вучиќ, вие сте најодговорен за тоа што се случува, затоа што сите мерки нагло беа запрени, што направивте илузија дека короната е победена. Поради вас и заради вашите избори, дадени се лажни информации за бројот на починати и заразени, за да се создаде впечаток дека сњ е во ред и дека граѓаните можат да излезат на гласање, кажа преставникот на Граѓанскиот отпор,Срѓан Марковиќ.

Тој, ги повика општествено одговорните компании, бидејќи, власта е неспособна, да помогнат на Ковид амбулантите и да донираат возила, вода, клупи, затоа што граѓаните чекаат на тестирање.

-Да им дадеме поддршка на сите храбри лекари, на сите здравствени работници кои се борат против оваа чума. Сакаме да им се придружиме на лекарите кои ја поддржуваат иницијативата за смена на Кризниот штаб. Солидарно да застанеме зад сите луѓе и да се престане со прогонот на неистомислениците, кажа Марковиќ.

На прашањето како ќе се бори за сето ова, Марковиќ рече: -Ние работиме на обединување на сите активисти и здруженија кои се борат за демократија на општеството. Слушнавте за оснивање на „Собранието на слободна Србија.“ Така сите ќе се бориме за подобра држава и систем за граѓаните, што ќе ја поддржува хуманоста и солидарноста, а не поединците на власт и нивните браќа.

Во вторникот, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, член на Кризниот штаб, на прашањето дали некој од членовите на штабот има некаква комуникација со лекарите потписници на петицијата „Обединети против Ковид“, изјави дека разговарала со некои од нив, но дека немало „ништо спектакуларно“.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, бројката од 10. 000 ново тестирани во еден ден, што се објавува секој ден, не е точна, изјави генетичарот Оливер Стојковиќ, професор на Медицинскиот факултет и на Факултетот за физичка хемија во Белград и раководител на лабораторијата за ДНК во Институтот за судска медицина во Белград.

Тој број веројатно ги вклучува сите тестови – PCR и серолошки, како и повторувани и тестови на примероци земени пред повеќе од еден ден, додаде тој.

-Треба да ни биде кажано – колку претходниот ден, од не знам колку, 856 лица кои дојдоа во Ковид амбулантите поради сомневање за вирусот, кој е процентот на тој број на позитивни луѓе. Само тој број зборува за ескалацијата на епидемијата. За време од 10 дена во Шабац, бидејќи ги видов тие податоци, од сите тестирани има над 70 отсто позитивни на коронавирусот, кажа Стојковиќ.

Тој оцени дека не знае дали Шабац е репрезентативен примерок за цела Србија, но за да се знае тоа, треба да се знаат истите податоци и за другите градови.

Back to top button
Close