Граѓанскиот суд утврди повреда на правото на слобода на изразување на новинарот Влатко Стојановски на 27 април!

По одлуката на Уставниот суд, Основниот граѓански суд во Скопје во повторената постапка пресуди дека новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, претрпел страв како последица на насилство и терор за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година, како и дека му било повредено правото на слобода на изразување, меѓутоа судот делумно го прифати барањето во делот на висината на надоместот за нематеријална штета.

Во повторената постапка, Основниот граѓански суд Скопје делумно го усвои тужбеното барање на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, за надомест на нематеријална штета за повреда на правото на слобода на изразување и за претрпен страв за време на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Според пресудата на првостепениот суд, тужбеното барање на Стојановски делумно се усвојува, така што се задолжува тужениот, односно државата да му исплати на тужителот вкупен износ од 160 илјади денари, од кои 100 илјади денари се за претрпен страв, а 60 илјади денари се по основ на повреда на правото на слобода на изразување.

Повеќе

Back to top button
Close