Град Скопје: 1 650 оџаци нема да загадуваат следната зима

Заврши повикот на Град Скопје за субвенции за инвертер-клима уреди. Според пријавите, повеќе од 1 650 граѓани поднеле барање за исплата на средства за купени клима-уреди, во замена за ќумбиња.

Во текот на наредните денови службите ќе ги обработуваат пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, информираат од Град Скопје.

„Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер-клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2021 година, до завршувањето на повикот на 1.11.2021 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн“, соопштија од Град Скопје.

Според условите во повикот, на граѓаните им следува надмоест за трошоците за набавка на инвертер-клима уред, но не повеќе од 62 000 денари.

Back to top button
Close