Град Скопје: Беким Аземи на 11 години изградил со еден милион евра зграда, барање за легализација поднел на 12 години

Кој има трпение нека го изгледа цело видео

Ќе разберете зошто Владата тврди дека сме 4та најуспешна економија во Европа.

За Гинисова книга на рекорди е денешниот предмет доставен до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Младиот бизнисмен претприемач Беким Аземи во 2010 година на само 11 години изградил со 1 милион € зграда, за која поднел барање за легализација кога имал 12 години. Веројатно од парите што ги собирал за роденден.

Инаку зградата е изградена за неколку месеци во 2024 година, за што има службени официјални докази од катастар.

Од каде се внесени милиониве во промет? Нешто да кажат од Финансиска полиција, Министерство за финансии, Управа за јавни приходи? За МВР и Влада не прашувам, таму е како и до сега. Си го бранат Висар Ганиу со неговата организираната криминална банда, како да им се браќа.

На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Одделение за односи со јавност на Град Скопје

Back to top button
Close