Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Град Скопје соопшти дека фирма од Чаир регистрирана пред еден месец, без дозвола монтирала панорамско тркало и други реквизити во Карпош. Како што додаваат од Градот, и покрај преземените мерки и казната, фирмата продолжила да работи.

„Правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“ велат од Град Скопје.

Back to top button
Close