Град Скопје ги корегираше решенијата за фирмарина за оваа година
Градот Скопје ги известува сите таксени обврзници дека Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на „Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје“, и започнувајќи од 01.01.2020 година се изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, и се намали комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници кои вршат дејност.
Одделението за утврдување и наплата на комунални такси и други надоместоци изврши целосна системска корекција на решенијата за 2020 година по намалени износи, а кои се однесуваат на Тарифниот број 1, согласно со донесената Одлука.
Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник, ќе се изврши враќање на натплатениот износ.