Град Скопје испрати барање на следната седница да се одлучи за хуманитарна помош за Турција

Град Скопје испрати сочувство до градоначалникот на Газиантеп.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газиантеп, Р.Турција.

До градоначалникот на Газиантеп испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.

Градот Скопје е град на солидарност кој никогаш нема да ја заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.

До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес“, велат од Град Скопје.

Back to top button
Close