Град Скопје: Не сметаме дека целосното затворање на кејот за изведба на мостот на Љубљанска е неопходно

Целосното затворање на кејот од страна на инвеститорот и изведувачот на мостот Љубљанска не е неопходно, се вели во соопштението од Град Скопје. Од таму велат дека според обврските од договорот, Град Скопје единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач.

„Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, истите се инвестираат во проекти од локално значење“стои во соопштението од Град Скопје.

Воедно, информираат дека Градот воопшто не бил консултиран за затворањето на кејот и спортско рекреативната патека и дека тоа е сторено од страна на изведувачите.

„Техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот. Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните“ велат од Град Скопје.

Back to top button
Close