Град Скопје со помош за Венецуела

Град Скопје издвои финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

– Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна. По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само. Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела. Тоа Скопје не го заборава.
Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка, вели Ѓорѓиевски.

Тој воедно изразува сочувство до семејствата на жртвите, и желба за брзо закрепнување на повредените.

– Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела. Затоа Скопје денес е светски град, напиша Ѓорѓиевски.

Back to top button
Close