Град Скопје: Советниците на Мицкоски продолжуваат со блокада, за време на седница добија нова порака како да ги зезнат граѓаните

Од Град Скопје велат дека советниците наМицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните во Советот на Град Скопје.

„Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси.

Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје.

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните.

Back to top button
Close