Град Скопје: Во текот на седницата на советот градоначалничката Арсовска присуствуваше на судско рочиште

Демант од Град Скопје:

По однос на вашиот објавен текст каде што се наведува дека градоначалничката Данела Арсовска не присуствувала на седницата на Советот на Град Скопје, сметаме дека треба да бидете запознаени и со причината поради којашто градоначалничката не беше присутна.

На денешната седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања, на која усно или писмено може да се произнесат  градоначалникот или од него овластени претставници, беа присутни сите овластени лица од градоначалникот за предметната седница.

Во периодот додека се одвиваше седницата на Советот на Град Скопје, градоначалничката присуствуваше на судско рочиште, каде тужи за навреда и клевета, каде што со закон е пропишано нејзино задолжително присуство. Поради таа причина, не е возможно да се присуствува на почетокот од седницата на Совет и на судското рочиште едновремено, а секако сите овластени лица претставници на градот беа уредно присутни на седницата на Совет.

Советниците во Град Скопје, можат транспарентно и јавно да ги постават своите прашања, на кои што одговори можат да добијат од овластените претставници од градоначалникот, раководителите на сектори, како и од други службеници на Град Скопје, доколку во моментот не е присутен градоначалникот.

Инсинуациите за избегнување советнички прашања се апсолутно неосновани. Градоначалничката Арсовска, како и целата градска администрација работат транспарентно и отчетно пред граѓаните на градот Скопје и тоа ќе остане пракса и понатаму.

Back to top button
Close