Градоначалничката Арсовска добила закани по живот – најави кривична пријава против лицето!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во видео објава на својот фејсбук профил обвини за бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар од страна на фирма која, според неа, нема никакви лиценци, елаборати, дозволи или одобренија – ниту за самата дејност, ниту за користената механизација.

Таа нагласи дека ова дејствување претставува потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Таа дополнително обелодени дека пред сведоци добила закани по својот живот и по животот на нејзиното семејство, поради што најави дека ќе поднесе кривична пријава против лицето Ќ.О. и неговите соработници.

Back to top button
Close