Градоначалничката Aрсовска не дојде на доделувањето на наградата на Град Скопје „13 Ноември“

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа не дојде на свеченоста за доделување на наградата на Град Скопје „13 Ноември“.

Секоја година 13-Ноемвриските награди кои се доделуваат по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор ги доделува градоначалникот на Скопје. Годинава новата градоначалничка Арсовска не им ги врачи наградите на добитниците туку тоа го сторија од жири комисијата, а не присуствуваше и на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години.

Арсовска не одговорија на телефонските повици, ниту на смс пораката од редакцијата на СДК преку која побарале одговор од неа зошто не присуствувала на свеченоста по повод Денот за ослободувањето на Скопје и не ги врачи наградите на добитниците.

Од нејзиниот ПР тим пак одговориле да пратиме прашања на официјалниот мејл на градоначалничката. Арсовска вчера присуствуваше на положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на свеченсота пред споменикот на ослободителите кај зградата на Владата, а имаше и средба со борците во нејзиниот кабинет.

повеќе

Back to top button
Close