Градоначалничката на Битола позитивна на Ковид-19
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска е позитивна на корона вирусот.
Петровска попладнево ја потврди информацијата откако здравствените власти ја известиле дека нејзиниот тест за Ковид-19 е позитивен.
– Според здравствените протоколи од денеска сум во домашна изолација, потврди Петровска.