Градоначалничката на Лос Анџелес сака да разговара со Трамп за ситуацијата во градот

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека се обидува да договори телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп поради големите протести што се одржуваат во тој град бидејќи дека сака Трамп „да ја разбере важноста на она што се случува во Лос Анџелес“.

Протестите против рациите и депортациите на мигранти што ги спроведува Службата за имиграција и царина на САД (ICE), што почнаа во Лос Анџелес во петокот, се проширија низ градови во САД, а некои протестираат против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Протестите се проширија во Њујорк, Чикаго, Остин, Далас, Сан Антонио, Сан Франциско, Денвер, Санта Ана, Лас Вегас, Атланта, Филаделфија, Милвоки, Сиетл, Бостон и Вашингтон.

Лос Анџелес вчера се соочи со шести ден претежно мирни, но повремено насилни демонстрации, ограничени во неколку населби во центарот на градот.

Трамп ја испрати Националната гарда таму во саботата и Маринците во понеделникот.

„Доколку не реагирав брзо во врска со ова, Лос Анџелес во моментов ќе гореше до темел“, рече Трамп.

Државните и локалните лидери го оспоруваат тоа, нагласувајќи дека Трамп само ги зголемил тензиите со непотребно и нелегално распоредување федерални трупи, додека демократите на национално ниво ги осудија неговите постапки како авторитарни.

Трамп се стреми да го исполни своето предизборно ветување за депортирање имигранти, користејќи насилни тактики во согласност со неговиот политички стил што ги крши нормите, што му ја донесе претседателската функција двапати, јавија американските медиуми.

 

„Претседателот Трамп вети дека ќе спроведе најголема кампања за масовна депортација во американската историја, а левичарските немири нема да го спречат во тие напори“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Американската војска во средата соопшти дека баталјон од 700 маринци завршил обука специфична за мисијата во Лос Анџелес. Тие ќе се приклучат на Националната гарда според федералниот закон Title 10 за да извршуваат полициски должности, но да ги заштитат федералните службеници и имотот, објави војската.

Американскиот генерал Скот Шерман, кој командува со група маринци и гардисти, им рече на новинарите дека маринците нема да имаат боева муниција во своите пушки, туку ќе ја носат со себе.

Калифорнија бара привремено блокирање на одлуката веднаш да се спречи Националната гарда и маринците да учествуваат во активности на цивилната полиција.

Рочиште за блокадата е закажано за денеска во федералниот суд во Сан Франциско

Back to top button
Close