Градоначалничката на Вашингтон бара повлекување на Националната гарда

– Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер, денеска повика на повлекување на воените единици од американската престолнина, кои беа испратени од други сојузни држави, поради протестите против полициската бруталност и расизам.

– Ние сакаме трупите да го напуштат Вашингтон, рече Боусер на прес-конференција.

Гувернерот на американската држава Вашингтон Џеј Инзли пред три дена нареди активирање на Националната гарда откако дојде до вандализам и грабежи на продавници и трговски центри во неколку градови за време на протестите за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера изјави дека не верува дека ќе биде неопходно трупите на американската армија да бидат ангажирани по повод протестите што се одржуваат низ САД.

Тој претходно објави дека армијата може да биде ангажирана доколку државите не се во можност да ги запрат насилните протести.

Back to top button
Close