Градоначалникот Костадинов го продаде службеното возило за да им изгради Младински центар на струмичани

Градоначалникот Костадин Костадинов веднаш по преземањето на градоначалничката функција во октомври 2021 година се откажа од користење на службениот автомобил и постоечкиот беше продаден, а средствата наменети за изградба на Младински центар.
По една година подготовки, законски усогласувања и избор на најдобра локација, Младинскиот центар е во фаза на реализација во сутеренот на општинската зграда. Овој простор со години стоел неискористен, а имал потенцијал за ваква намена и се наоѓа на одлична локација, во центарот на градот.

По комплетното расчистување на просторот со површина од 400 метри квадратни, се вршат повеќе градежни зафати за адаптација и уредување на ѕидните и подните површини, преградни ѕидови, замена на водоводната и електричната инсталација. Овие зафати и новото ентериерско уредување треба да завршат за шест месеци, по што младите на Струмица ќе имаат модерен и повеќенаменски простор, кој досега го немаа.

Центарот ќе има амфитеатар, простор за организирање на конференции, предавања, изложби и други настани од рекреативен карактер, забава, средби, едукативни активности, подвижна платформа и пристап за лица со телесен инвалидитет. Вкупната инвестиција чини 7, 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Со откажувањето од службеното возило и доброто менаџирање, струмичкиот градоначалник покажа како и време на криза може да се реализираат ветените проекти, но и да се задоволуваат барањата и потребите на граѓаните.

Back to top button
Close