Градоначалникот на Берово ја врати несоодветната донација од Агенцијата за управување со одземен имот

Пакетите со несоодветна облека што Агенцијата за управување со одземен имот ги додели на учениците од „Дедо Иљо Малешевски“, се вратени, a градоначалникот на Берово Звонко Пекевски се извини за ненамерната грешка.

Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата.

Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, рече Пекевски.

Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден беше утврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна за учениците.

Back to top button
Close