Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски го победи Ковид -19

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба Борис Георгиевски го победи корона вирусот и ја напушти скопската Клиника за инфективни болести.

„Сакам да ве известам дека по извршени два негативни тестови ја напуштив Клиниката за инфективни болести и од денеска сум дома и продолжувам со домашно лекување. Упатувам голема благодарност до целиот медицински тим на Клиниката, за нивната огромна пожртвуваност и храброст да помогнат на секој пациент кој се бори со ковид-19. Од моја страна, како знак на благодарност за херојството и поддршка за целокупниот медицинскиот персонал, денес донирав 10 навлажнувачи за кислород и 1 дигитален апарат за мерење на крвен притисок за Клиниката за инфективни болести. Ви благодарам на целата ваша поддршка која ми ја давата овие недели. Ве молам чувајте се сите, почитувајте ги здравствените препораки и носете заштитна опрема – напиша градоначалникот Георгиевски на својот официјален фејсбук профил.

Back to top button
Close