Градоначалникот на Гази Баба со лажен ревизор и извештај разрешил директорка на градинка

Новиот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски непочитувајќи ги законите и назначувајќи лице без лиценца за ревизор ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“ во неговата општина, Анета Петровска, информира Граѓански збор.

-Лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо на директорката, веќе следниот ден го доставил на градоначалникот по што тој ја повикал директорката Петровска за да ѝ каже дека ќе биде разрешена – пишува порталот.

„Ревизорскиот извештај е изготвен паушално и општо. При проверката се утврди дека не се надминати средствата наведени во ревизорскиот извештај. Сепак, управниот одбор на градинката не го сочека мислењето на претставниците на МТСП и ја разрешија директорката Петровска“ изјавила за ГЗ адвокатката на директорката Петровска, Златка Денковска.

Адвокатката додала дека официјалните претставници од Министерството за труд и социјална политика повеќе од девет часа ги прегледувале документите во градинката при што утврдиле дека наводите изнесени во ревизорскиот извештај не се вистинити.

Сепак, управниот одбор на градинката не го почекал извештајот од МТСП и постапувајќи само по ревизорскиот извештај одлучиле да ја разрешат Петровска.

 

 

Back to top button
Close