Градоначалникот на Илинден: Жалам за страшната трагедија, сочувство за семејството на починатото девојче

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски за ТВ 24 даде изјава во врска со вчерашнатаа трагедија во која животот го загуби едно дете.

– Вечерва во Илинден се случи страшна трагедија каде едно малолетно лице го загуби животот. Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче.

Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете”, рече градоначалникот

Back to top button
Close