Градоначалникот на Кисела Вода потрошил 100.000 евра за вдомување блиски луѓе, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски молчи за скандалозните договори на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој го крчми буџетот на општината на блиски луѓе, партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија.

-Во време на криза, кога општината се жали дека нема пари да плаќа струја и парно, Ѓорѓиевски ќе потроши 100.000 евра за вдомување на свои блиски луѓе.Да не беше лицемер, Мицкоски ќе му кажеше на својот градоначалник парите кои ги наменил за партиски вработувања и непродуктивни трошоци да ги пренамени за потребите на граѓаните, посочуваат од партијата.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close