Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Северна Македонија

Ги молам и им препорачувам на моите сограѓани да го ограничат нивното движење кон Северна Македонија, вели градоначалникот на Лерин (Флорина) Василис Јанакис во неговата писмена изјава, додавајќи дека неслучајно Грција забранила влез за државјани од соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Јанакис истакнува дека „коронавирусот постои, не исчезна“, а опасноста од заразување „е видлива и секојдневна“.

-Не е воопшто случајно што Грција забрани влез во нашата земја за жителите на Северна Македонија, поради високата раширеност на коронавирусот во оваа земја. Треба да го заштитиме сето она што го постигнавме со многу напор, жртвувајќи дел од нашите слободи за да бидеме здрави. Ги молам и им препорачувам на моите сограѓани да го ограничат нивното движење кон оваа земја и кога е неопходно и излегуваат од нашата земја точно да се придржуваат до сите мерки за безбедност (дистанца, маска, ракавици, добро миење на рацете) за да не го увеземе коронавирусот, вели градоначалникот на Лерин.

Back to top button
Close