Градоначалникот на Охрид го осуди оштетувањето на споменикот за загинатите бугарски туристи

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески:

💬Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.📢Апелирам до граѓаните да се воздржат во вакви и слични вандалски однесувања и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.

Back to top button
Close