Градоначалникот на Подгорица гостин на Шилегов
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска се сретна со градоначалникот на Подгорица, Црна Гора, Иван Вуковиќ, кој е во дводневна посета на Скопје.
Шилегов и Вуковиќ, како што соопштија од град Скопје, размениле позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена, а дискутирале и за можностите за забрзан економски развој.
На состанокот се зборувало и за продлабочување на соработка меѓу двата града, пред се во областа на образованието, спортот и културата.
Скопје и Подгорица се збратимени градови од 2008 година