(Видео) Градоначалникот на Портланд настрада од солзавец

Врз градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, беше фрлен солзавец откако тој синоќа се приклучи на демонстрантите кои речиси два месеца протестираат против расната дискриминација и бруталноста на полицијата.

Откако дојде на демонстрациите, Вилер изјави дека градската власт треба да направи повеќе за заштита на жителите на градот.

Но во моментот кога стоеше покрај зградата на Судот во Портланд, тој самиот стана жртва на солзавец.

Видео од настанотобјавено на Твитер пoкажува како тој се гуши и кашла. 

 

 

Back to top button
Close