Градоначалникот Пецаков наместо да се изолира, славел Водици. Тестот покажал дека е позитивен

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, место да седи во изолација по направен тест за Ковид – 19 се појави на одбележувањето на Водици на 19 јануари, се гушкаше со граѓаните, се ракуваше со гостите, а по прославата добил позитивен тест. Охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен на Ковид- 19, а паника се шири и во останатите градови оти Охрид за Водици е „Македонија во мало“.

Во небрано се нашла и охридската епидемиолошка служба, каде што неофицијално, градоначалникот Пецаков инсистирал да не добие изолација, но неговите настојувања не биле послушани.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и  се уште важат правилата секој што се тестира веднаш да се изолира.

„Во сила се препораките на Комисијата за заштита од заразни болести дека лицето кое се тестира, до добивање на резултатот останува во изолација. Секое лице кое по тестирањето ќе добие позитивен тест на Sars Cov 2, е во изолација од моментот на добивање на резултатот. Понатамошниот тек на болеста го следи матичниот лекар и во зависност од симптоматологијата изолацијата трае 10 дена за асимптоматски и 20 дена за лица со симптоми“, велат од Инспекторатот за „А1он“.

Целиот текст на А1он“.

Back to top button
Close