Градот ја демантира ВМРО-ДПМНЕ: Имаме решение не за 3, туку да исечеме 10 дрвја на „Орце Николов“

Град Скопје и Оштна Центар ги демантираат информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека имале решение да исечат само три дрвја, а исекле 10.

– Оваа дезинформација се демантира и на самата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, кога се посочува „решението со кое се одобрува сечење на 10 дрва како и кроење на цел дрворед долж улицата „Орце Николов“. “ Ги известуваме сите медиуми и граѓани дека за сите исечени дрвја во Град Скопје постои уредна документација – се вели во информацијата од Градот.

Според Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата тактика да лаже, манипулира, дезинформира и да ги блокира сите проекти кои го подобруваат квалитетот на живот во Скопје и затоа ќе биде повторно казнета на следните локални избори.

Back to top button
Close