Градот Скопје ќе набави 350 нови униформи за скопските пожарникари

Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема, соопштија од Град Скопје.

– Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи, се вели во соопштението на Град Скопје.

Информираат дека во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар

Back to top button
Close