Градски паркинг-Скопје утре нема да наплаќа за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д

ЈП Градски паркинг-Скопје соопшти дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на зоните А, Б, Ц и Д.

Како што информира, редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата: Зона А0- Водно, катни гаражи „Беко“ и „26 Јули“ и јавните паркиралишта „Кочо Рацин, „Треска“, Градска болница, „Нова Македонија“, АМСМ, „Народен фронт“ и Клинички центар „Мајка Тереза“.

Back to top button
Close