Градскиот пазар во Кочани повторно да се затвори или да продаваат само трговци од општината

Општинскиот кризен штаб на Кочани ќе го разгледа предлогот за повторно затворање на градскиот пазар или за ограничување на бројот на трговците, за да се спречи ново зголемување на бројот на позитивни лица на коронавирусот.

Констатирано е непочитувањето на препораките за организација на пазарот и прекршување на мерките за заштита, при што се поставуваат тезги од двете страни на улицата „Гоце Делчев“.

– Ако и овој четврток не се почитуваат мерките, го повикувам Кризниот штаб веднаш да донесе одлука пазарот целосно да се затвори. Кршењето на оваа мерка е недозволиво. Ако другите овластени служби не можат да одговорат на неопходноста за воспоставување ред, тогаш нека реагира и полицијата, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

Поради алармантноста на состојбата со Ковид-19 во соседните општини, директорот на комуналното претпријатие „Водовод“, Андреј Киров препорача в четврток, кога е пазарен ден во Кочани, да се спречи изложувањето на производи на трговци од другите градови. Со тоа ќе се намали метежот од купувачи и продавачи, а ќе се обезбеди и доволно простор за безбедно растојание од два метра меѓу тезгите.

Од грѓаните кои доаѓаат на градскиот пазар ќе се бара да ги почитуваат мерките за одржување социјална дистанца, носење заштитни маски и дезинфекција на рацете.

Back to top button
Close