Градските советници едногласно го осудија насилството врз градоначалничката

Декларација за осуда на насилство врз институцијата градоначалник, насилство над жените и за почитување на законските мерки и процедури од надлежните органи, предложена од советничката група на СДСМ и коалицијата, на денешната седница на Советот на Град Скопје беше едногласно прифатена од сите советници.

Ја осудуваме секоја форма на насилство насочена конб институцијата градоначалник на Град Скопје и кон личноста што ја извршува оваа функџција без разлика на нејзиниот пол, а особено насилството кон градоначалничката како жена што претставува двоен напад, врз институцијата и врз достоинството и безбедноста на жените во јавниот живот.
Го осудуваме секое непочитување на законските процедури и механизми утврдени заради обезбедување ред правда и безбедност на сите граѓани и функционери. Ги повикуваме надлежните органи да постапат согласно на нивните законски ингеренции, да ги истражат сите случаи на закани и притисоци насочени кон институцијата градоначалник на Град Скопје и кон градоначалникот како жена, да утврдат факти и да обезбедат целосна заштита – се вели меѓу другото во изгласаната декларација.

Back to top button
Close