Графити со рускиот воен симбол „З“ во центарот на Битола

Графити со буквата „З“ напишана на латиница забележани се во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки.

Со користење на симболот „З“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина, а го користеа многу активисти и влијателни лица кои застанаа на страната на Путин уште од почетокот на војната.

Истиот беше забележан и на протестите во некои земји каде народот и даваше поддршка на Русија.

Некои земји пак, како германската сојузна покраина Долна Саксонија веќе и забранија користење на овој руски воен симбол, а доколку некој ја прекрши забраната, законот предвидува парична казна или казна затвор до три години.

Симоболот „З“ руските војници го користат на својата моторизација при нападите врз Украина, а тој буквално се претвори во симбол за поддршка на воената инвазија.

Back to top button
Close