„Граници“ на Старова Ќерими и Мехмети во Галерија „Gentinetta“ во Цирих

 

 Од денеска до 4 декември 2021 во Галеријата „Gentinetta“ во Цирих, Швајцарија ќе биде поставена изложбата на уметничките Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети.

– Ние исцртуваме граници на земјата и градиме ѕидови. Опкружени сме со ѕидови. Ова е свет на граници и ограничувања, а нашата култура е култура на разлики (поимот разлика мислен како негативно одредување, како услов за идентитет). Ѕидовите се околу нас, го делат просторот, го затвораат, нè опкружуваат, се вкрстуваат и сè разминуваат, се протегаат во недоглед, се шират на сите страни создавајќи непрегледен лавиринт, се вели во најавата на изложбата.

Емил Алексиев, ликовен критичар вели дека уметноста е можна поради тоа што уметникот се осмелува да ги пречекори границите. Тој заминува на неизвесно патување во непознатото, зад границата на она што е видливо и познато. Храброста на уметникот да ги пречекори границите создава можност да се создаде уметничко дело.

Тој посочува дека овој проект е токму таков чин на храброст каде ликовните уметници Шќипе Мехмети и Дита Старова се обидуваат да ги пречекорат границите на познатото во своите дела и да се упатат кон некои нови и непознати предели на уметноста.

Back to top button
Close