Грчката ковид апликација не го чита кодот од српскиот сертификат за вакцинација

пликацијата на грчкото министерство за дигитална управа Covid Free GR, која служи за проверка на веродостојноста на документите за статусот на имунизација не го отчитува QR кодот од дигиталниот сертификат кој го имаат добиено сите лица вакцинирани во Србија. Со овој проблем се соочиле српски туристи на пристаништата Трипити и Уранополис на Халкидики, а новинарка од редакцијата на Нова.рс, која летува на Јонскиот брег и самата се уверила дека QR кодот не функционира.

„Од петокот, влез во ноќните клубови, локали и барови кои работат во затворен простор е дозволен, но под услов гостите да седат и пред да влезат задолжително да го покажат кодот со доказот за вакцинација. Таа вечер, апликацијата која ја користеа лицата од обезбедувањето во еден познат ноќен клуб во Парга не можеше да ги отчита нашите два дигитални сертификати. Покажуваше дека тие не се валидни“, сведочи новинарката.

Српската министерката за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ за Н1 потврдила дека се запознаени со проблемот и работат на негово решавање, додавајќи дека официјално, од други места не стигнувале пријави за неисправни кодови.

Инаку, голем број македонски државјани се имунизираа во Србија. Македонските здравствени власти немаат точен податок колкава е вкупната бројка, додека според расположливите информациите, само во Врање првата доза од вакцината ја примиле 12 000 македонски државјани а од нив 9 000 се ревакцинирале.

Веднаш по вакцинацијата, српските власти преку порталот е-управа на сите што завршиле со имунизацијата, по електронска пошта им го испраќа т.н. дигитален ковид пасош со QR код од кој се отчитуваат податоците за вакцината, нејзиниот производител и датумите на прием.

Back to top button
Close