Грчката Влада обезбеди 200.000 брзи тестови за Ковид-19
Грчката Влада обезбеди 200.000 брзи тестови за антигени за коронавирусот (Covid-19 Ag Rapid Test), од кои првиот дел ќе се искористат на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Грција соопштуваат дека брзите тестови ќе бидат искористени согласно упатствата од надлежната Комисија на епидемиолози.
Брзите тестови беа набавени со помош на донација во висина од еден милион евра од грчки бродосопственик, а со специјален лет ќе бидат доставени прво на Лезбос, а потоа во Атина.