Грчки државјанин приведен на „Табановце“ поради давање поткуп
30.04.2024 10:40
246 Читање помалку од 1м
Четириесет и девет годишниот Д.К., државјанин на Република Грција вчера во 12:40 часот е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“. Полициските службеници го лишиле од слобода поради сомневање дека сторил кривично дело давање поткуп.
Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во патната исправа на возилото што го управувало ставило пари како поткуп.