Грчки фудбалер, е пронајден мртов во својот автомобил

Полицијата со денови трагала по поранешниот млад репрезентативец на Грција. Автомобилот бил паркиран во Каламарија, недалеку од Солун. Откако го пронашле Цуманис, го пренеле во локалната болница, но тој веќе бил мртов. Првите информации од Грција известуваат дека смртта била предизвикана од задушување, а особено е сомнително за полицијата што го нашле во безживотна состојба со врзани раце.

Цуманис бил голем грчки талент пред околу десет години и го поминал поголемиот дел од својата кариера во Арис. Тој потпишал минатиот месец за „Македоникос“, но не дебитирал за тој тим во третата лига.

 

 

Back to top button
Close