Грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис на средба со претседателот на ДПА, Мендух Тачи

Демократската партија на Албанците (ДПА) информира дека партискиот претседател Мендух Тачи го примила на проштална средба амбасадорот на Грција Димитрис Јанакакис.

Според информативната служба на средбата се разговарало за најновите случувања во земјата и регионот, Договорот од Преспа, процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Двајцата се согласија дека соработката меѓу Северна Македонија и Грција треба да продолжи и економскиот развој на заедно со членството во ЕУ се целите што треба да се следат.

Тачи го потврди ставот за целосна имплементација на Договорот од Преспа и истакна дека евроатлантскиот процес заедно со владеењето на правото и одржливиот економски раст се определба на албанската демократска партија, информираат од ДПА.

По повод завршувањето на мандатот на амбасадорот, Тачи му се заблагодарил на Димитрис Јанакакис за дипломатскиот придонес во земјата и важната улога во билатералните односи.

Back to top button
Close