Грција ја продолжи забраната за влез на македонските граѓани

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници со Македонија, Албанија и на Турција, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 8 ноември откако претходно важеа до 25 октомври.

Станува збор за министерски одлуки, кои во изминатите месеци се продолжуваа на секои две седмици.

Инаку, последниве денови во Грција короната експлодира, па дневно има речиси по илјада заразани. Затоа се воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Секаде во земјата е задолжително да се носи маска, и во затворени простории и на отворено. Дозволено е да се собираат до 100 лица за зони на ниво 1, до 50 лица за зони на ниво 2 и до 9 лица за зони на ниво 3.

Воведено е ограничување за пополнување на капацитетот на театрите, кината и концертните сали – 65% за областите на ниво 1; 50% за зони на ниво 2 и 30% за зони на ниво 3.

За барови и ресторани – 80% за ниво 1; 65% за ниво 2 и 50% за ниво 3. Забрането е да има луѓе кои стојат.

Од почетокот на пандемијата во Грција регистрирани се 564 смртни случаи. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.

Back to top button
Close