Грција и Србија потпишаа меморандум: Од 1 мај, оние што се вакцинирале ќе може да патуваат од едната во другата земја

Овој режим ќе важи до 1 октомври, а договорот е постигнат на онлајн состанок на министрите за туризам на двете држави
Меморандумот за разбирање во услови на пандемија, кој го усогласија министрите за туризам на Србија и на Грција, Татјана Матиќ и Харис Теокарис, им овозможува на вакцинираните граѓани на двете земји да влезат во другата земја.

Овој режим ќе важи од 1 мај до 1 октомври, а Меморандумот е договорен на онлајн состанок меѓу двајцата министри.

Министерката Матиќ соопшти дека е договорено Меморандумот да предвиди заемно признавање на електронските сертификати за вакцинација.

„Исто така, на границата ќе се прават и случајни брзи тестови“ , изјави Матиќ
Таа, исто така, наведе дека граѓаните кои досега не биле во можност да направат заменски патувања за Грција, а кои имаат склучено договори со туристичките агенции, тоа ќе можат да го сторат до 31 декември годинава.

Back to top button
Close