Грција повторно ги отвори граничните премини со Албанија

 

Албанското министерство за надворешни работи соопшти дека денеска , Грција повторно ги отворила граничните премини Какавија и капиштица со Албанија . Истиот извор наведува дека според грчкото МНР премините ке бидат отворени вечерва до 22 часот , но тој термин е можно да продолжи ако сеуште има заглавени патници –албански државијани на двата премини. И министерката за одбрана на Албанија Олта Џачка изјави дека граничните премини ке бидат проодни вечерва до 22 часот., пренесе тиранскиот весник ,,Мапо,,.

На граничниот премин Какавија повеке илјади лица останаа блокирани од саботата . Станува збор за албански државијани кои имаат грчко државијанство или пак дозвола за престој во Грција ,кои се вракаат од Албанија во Грција за да избегнат еденонеделен карантин .

Албанскиот преемиер Еди Рама за хаотичната состојба што се создаде на граничниот премин Какавија изјави дека не станува збор за дискриминалција кон албанците , туку станува збор за состојба која е резултат на новиот граничен режим на Грција , притоа демантирајки одредени политички партии во земјата кои состојбата ја поврзуваат со акти на дискриминација кон Албанците . ,, Не се само албанците кои чекаат на ред за да влезат во Грција , туку има и други граѓани и на ЕУ кои чекаат на границата . Коронавирусот си го стори своето,, нагласи Рама . Тој додаде дека вакци состојби има и на други граници во Европа .

Албанските медиуми јавија дека Тирана и Атина беа и се во контакт со цел да се надминат состојбите ,така што сега границите сае отворени .

Back to top button
Close