Грција прогласи четиридневна жалост
Грчката влада прогласи четири дена на национална жалост поради смртта на Костас Симитис, поранешниот премиер.
Симитис беше премиер и лидер на ПАСОК од 1996 до 2004 година и ја внесе Грција еврозоната. Тој почина денес, на 88-годишна возраст, во неговиот дом.
Премиерот Кирјакос Мицотакис го опиша Симитис како „благороден политички противник“ и „каталист во јавниот живот“, потенцирајќи дека имал голема улога во модернизацијата и европската интеграција на Грција.