Грција втора во светот по бројот на плажи со „сино знаме“
Грција официјално го зазеде второто место во светот според бројот на награди „сино знаме“ за 2026 година, со што уште еднаш се потврди како еден од глобалните лидери во управувањето со крајбрежните области и заштитата на животната средина“, пренесоа грчките медиуми.

Со 657 наградени плажи (15 отсто од вкупниот број во светот), државата ја задржа силната позиција во меѓународната програма.
„Сино знаме“ е доброволна еколошка ознака која им се доделува на плажи и пристаништа кои исполнуваат 33 критериуми. За да се добие ова признание, потребно е исполнување на нормите во четири клучни области кои опфаќаат сè – од чистотата на водата и еколошката едукација, до управувањето со околината и безбедноста на посетителите.“
По ова, полуостровот Халкидики и понатаму е најуспешниот регион во Грција за 2026 година со вкупно 93 „сини знамиња“. Ова подрачје е меѓународно познато по уредениот брег и исклучително чистото море. Кога станува збор за регионите, Крит го задржува првото место со 153 знамиња распоредени во четири области. Тука се издвојуваат и: Родос-константно меѓу водечките острови според квалитетната туристичка инфраструктура; Атика со 18 плажи со „сино знаме“ и опслужува голем број посетители во главниот град. Листата се завршува со Ситонија, област на Халкидики која поседува 18 наградени плажи за сезоната 2026 година.
За да го добијат и задржат статусот „сино знаме“, крајбрежните општини и приватните управители мора да поминат низ чести ненајавени инспекции во текот на сезоната. Основен и неоспорен услов е одличниот квалитет на водата. Како втор и многу значаен критериум е целосна пристапност на плажите за лица со попреченост, поточно, рампи, амфибиски инвалидски колички и друго. Уште еден критериум за добивање и задржување на „сино знаме“ е заштитата на морето. Ова подразбира строга забрана за индустриски или канализациски испусти во близина на плажите. Дел од овие критериуми се и сертифицираните спасувачки служби, опремени со чамци за спасување кои работат во текот на денот (главно од 10 до 18 часот).
За грчкиот туризам, кој и понатаму е еден од главните двигатели на националната економија, овие награди имаат многу значајна улога. Меѓународните туристички агенции и тур-оператори ја користат листата на „Сини знамиња“ како една од главните критериуми при препорачување дестинации на своите клиенти. Таа претставува глобално признат „печат за квалитет“ кој гарантира заштита на здравјето и животната средина.Од тука, фактот што Грција постојано е на врвот, ѝ обезбедува значајна предност на пазарот, привлекувајќи туристи кои бараат врвна услуга и вистинска грижа за екологијата.






