Грег Попович и Новак Ѓоковиќ се роднини

Досега се зборуваше дека мајката на Грег Попович е Хрватка, но според истражување објавено на порталот „Потекло“ несомнено беше утврдено дека тоа не е вистина!

Неговата мајка е по потекло од Црна Гора, и тоа од истата фамилија од која потекнува најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ. Таткото на Грег, Рејмонд, е роден во 1918 година, во брак помеѓу Србин од Црна Гора, Данило Поповиќ, и Полјачка, Мери Проско!

Рејмонд бил трето дете од шесте деца – шест синови. Дедото на Грег, Данило, пристигнал во САД во 1910 или 1911 година, сè уште не е познато од кој дел на Црна Гора потекнува. Од друга страна, беше утврдено дека мајката на Грег е од фамилијата Озриниќ и дека нејзиното моминско презиме е Машуловиќ. Беше откриено и нејзиното име – Дороти, т.е. Дара, со што беа демантирани претходните написи дека мајката на Грег се викала Катарина и дека е од Хрватска.

Дедото на Грег по мајка, Милош Машуловиќ, дошол во Америка во 1914 година заедно со неговиот брат Петар. Документите велат дека потекнуваат од селото Прага кај Никшиќ и дека нивниот татко се викал Стеван. Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е од огранокот на Драгојевиќ, кој припаѓа на истата фамилија, што значи дека Грег и Новак се роднини.

Back to top button
Close