Грем: Зеленски треба да си поднесе оставка
Републиканскиот сенатор Линдзи Грем повика на оставка од украинскиот претседател Володомир Зеленски, по вжештената дискусија денеска во Белата куќа меѓу него, претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс.
-Зеленски треба или да ги промени ставовите, или да си даде оставка, нешто да се смени за да имаме со кого да направиме договор, рече Грем во изјава за новинарите по средбата.
Трамп и Венс го обвинија Зеленски за „неблагодарност кон САД“ и дека не давал шанса на дипломатијата, по што следуваше расправија.
Трамп ја откажа најавената прес-конференција со Зеленски. Американски медиуми дознаваат дека украинската делегација била замолена да ја напушти Белата куќа. Договор за минералните ресусрси меѓу САД и Украина не е потпишан