Гренел му одговори на портпаролот на Бил Клинтон за договорот меѓу Србија и Косово
Џо Локарт на Твитер напиша дека потпишаниот договор е погрешно претставен и дека затоа немал внимание од медиумите.
„ Тоа е затоа што сите погрешно го претставувате и никој не ви верува“ Локарт напиша на Твитер.
Гренел одговори дека е очигледно дека Локарт сака продолжување на конфликтот.
„ Портпаролот на Белата куќа, на Бил клинтон, е лут зошто Косово и Србија се договорија за чекорите за економска нормализација. Очигледно сака продолжување на конфликтот“ порача Гренел.
Тој додал дека решавањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е во врвот на приоритетите на администрацијата на Доналд Трамп.